Категории

Направи сам: Велигденски декорации во домот

Велигден е совршен за “направи сам“ проекти за декорирање на домот кои можете да ги правите со целото семејство.

Погледнете ги идеите кои ги издвоивме за вас и уживајте во нивната изработка.

# Украсни саксии

Обележете го местото на масата со помош на овие симпатични мали саксии на кои можете да ги ставите вашите имиња.

# Велигденско дрво

Во различни краеви на светот обичај е на велигден да се украси дрво со шарени пластични јајца. Резултатот е фантастичен па затоа ви ја предложуваме оваа идеја да ја искористите и за украсување на вашиот дом.

# Свеќички во лушпи од јајца

Во лушпите од јајцата ставете малку масло и фитиљ и наредете ги на држачи за јајца. Ќе добиете прекрасна атмосфера.

# Врамено јајце од сламки

Направете велигденско јајце од шарени сламки за пиење. Ова е супер проект во кој вашите деца веруваме дека ќе уживаат.

# Декорација во тегла

Ако немате доволно време, тогаш оваа декорација е совршена за вас. Потребни ви се само големи тегли и украсни детали. Останатото го препуштаме на вашата фантазија.

 

Прегледи:
1842
Категории:
DIY (Направи сам)
Објавено на:
27.04.2016