Категории

Велигденско јајце чувар на домот – Народни верувања и традиција

Постои верување дека јајцето чувар на домот ги истерува лошите сили од домот

Традиционално кај нас, јајцата се бојадисуваат на Велики четврток, а постои обичај првото јајце да биде обоено во црвено боја и да се чува до наредниот Велики петок, за да го чува домот и најблиските. Зошто ова јајце се нарекува чувар на домот?

Постои верување дека чуваркуќа ги тера лошите сили и демони од домот.
Некогаш овој стар обичај бил доста почитуван и било ритуал обоеното јајце да преноќи во вода со босилек, дрен и здравец, а семејството на велигденското утро се измивало со таа вода за сите да бидат здрави преку целата година, особено децата.

Што да направите со чуваркуќа од минатата година?

Кога ќе се бојадиса ново јајце-чуваркуќа, старото се фрла во река, за да ги однесе сите несреќи и зли нешта со него, наместо во куќата која ја чувало.

Од друга страна, некои го почитуваат обичајот на закопување на минатогодишното јајце-чуваркуќа во земја под дрво кое сакаат да биде плодно за да го заштити домаќинството од временските неприлики.

Се верува дека чуваркуќа донесува благосостојба и среќа во домот, па многумина го чуваат во посебни велигденски садови.