Категории

Венеција – несекојдневна колоритна дестинација која ги воодушевува сите посетители

Венеција има моќ да ги воодушевува сите оние кои прв пат доаѓаат и оние кои повторно се враќаат кај неа.

Позната е по препознатливите канали, гондоли и мостови, неверојатен микс на традицијата и модерното. Eдноставно, секоја средба со овој град носи неверојатно возбудување.

Возењето по каналот Гранд ќе ви овозможи да ги разгледате раскошните венецијански палати кои биле изградени од градската елита и да уживате во нивната колоритност, она што го прави овој град да биде несекојдневен.

Доколку сакате да ја посетите Венеција, тогаш најубаво е ова задоволство да си го пружите во во август, почеток на септември, кога се одржува престижниот филмски фестивал или пак за време на карневалот кој трае две недели и е една од најголемите атракции во Венеција.