Категории

Венко Филипче: Шест нови случаи, вкупно 18 заболени со коронавирус

По денешното тестирање на уште нови 12 лица, шест од нив се позитивни на коронавирусот, во моментов има вкупно 18 заболени, изјави министерот за здравство Венко Филипче. 

Една од шесте е пациентка која синоќа доцна дошла во Скопје со летот од Барселона на „Визер“. Таа свесна, како што рече Филипче, дека пред патувањето имала покачена температура, за време на летот носела заштитна маска.

Сите други 51 патник кои биле во нејзина близина имаат добиено решение за самоизолација.

Пациентите од Дебар за кои вчера беше потврдено дека се позитивни, денеска се донесени на Инфективната клиника во Скопје.

Петте новодијагностицирани пациенти од Дебар, ќе останат да се лекуваат во Болницата во Дебар, согласно планот за третман на новодијагностицираните пациенти. Тие сите биле во контакт со втората група на заразени пациенти од Дебар.

Медицинските лица, епидемиологот и лаборантот за кои утрово кажавме дека се тестираат, се негативни за коронавирусот“, рече министерот.

Прегледи:
537
Објавено на:
14.03.2020