Ова чудо од машина на продажба ќе се најде во 2019 година. Во Сан Франциско е измислена машината “FoldiMate” која самата пере, пегла, суши и ги дипли алиштата.
Потребно е само да ставите најмногу до 15 парчиња облека и веќе за една минута машината ќе ви ги врати чисти и убаво суредени, а на вас останувасамо да ги ставите во плакар.
Овој изум веќе го порачаа првите купувачи. “FolidMate” на пазарот ќе се појави во 2019 година. Цената секако не е мала – оваа машина ќе чини oд 700-850 долари.