Категории

Верувале или не, на мажите им е потешко да ја прекинат врската

Сите оние кои мислите дека жените повеќе драматизираат кога е во прашање прекинување на врска, грешите. Најновото истражување покажа дека на мажите им е потребна кутија сладолед и пакетче марамчиња кога доаѓа до прекинување на една врска.

Всушност, истражувањето покажа дека на девојките во просек им се потребни 6 дена да донесат одлука за да прекинат со партнерот, додека истиот процес кај мажите трае десет дена и повеќе. Тоа е така, затоа што кога ќе влезат во една врска, во неа вложуваат многу повеќе отколку жените.

Откриено е дека секој шести партнер е подготвен да седне и да разговара со партнерката за проблемите, но и дека постои надеж тој проблем да се реши.

Дури 88% од мажите трошат многу време за да најдат добра причина за да прекинат една врска, со цел тој процес да не го направат трауматичен за жените. Тоа е главна причина зошто мажите не сакаат да ја прекинуваат врската.

“Мажите често размислуваат дека на тој начин многу повеќе ќе ја повредат својата партнерка” – пренесува “Cosmopolitan”.

Заклучокот од истражувањето е дека жените немаат многу страв од повредени чувства, затоа што гледаат напред и знаат дека таа одлука е најдобра за двајцата. Тие јасно знаат што сакаат. За разлика од нив, мажите живеат во сегашноста.

Прегледи:
404
Објавено на:
26.07.2016