Универзитетот Харвард планира да воведе бот сличен на ChatGpt како инструктор по компјутерски науки.
Оваа програма со користење на вештачка интелигенција треба да започне во септември.
ChatGpt стана една од најпопуларните алатки со неверојатен број на корисници.
Сепак, професорите предупредуваат дека студентите треба да го користат своето критичко размислување при оценување на информациите и да не ја злоупотребуваат вештачката интелигенција.