Категории

Вежбањето со личен тренер е вистинскиот избор: Кои се придобивките?

Постојат толку многу причини зошто личниот тренер е од суштинско значење за постигнување на вашите цели во фитнесот, без разлика дали тие се базирани на губење на тежината, спортски активности или пак за атлетски цели. 

За придобивките од вежбањето со личен тренер зборуваме со Александра Наумовска, личен тренер во фитнес центарот на ТЦЦ Гранд Плаза.

Она што го научив од досегашното искуство работејќи ја оваа професија е фактот дека имате моќ да разубавите нечиј ден! Без разлика дали станува збор за пофалби во врска со нивниот напредок во вежбањето или едноставно охрабрување и подарување насмевка на оној кој навистина се труди да се усоврши, тоа навистина има големо влијание врз мотивацијата на вежбачот.

Можноста да одржувам лични фитнес часови за мене е нова авантура секојдневно. Добивам можност да се поврзам со секој поединец, да ја почувствувам неговата психофизичка состојба и да одредам начин кој ќе биде соодветен за мотивација и постигнување што подобри резултати.

Поставувањето како авторитет исто така е од основно значење за успехот на часовите. Пријателскиот однос е загарантиран бидејќи секој клиент сакам да се чувствува релаксирано на моите часови, но сепак треба да постои одредена дисциплина сѐ со цел да се постигне поголем ефект.

Кога станува збор за психичката подготвеност кај тренерот исто така морам да ја споменам и самодовербата која ја поседувам како клучна за успехот и лојалноста на моите клиенти. Доколку тренерот не зрачи со самодоверба која се постигнува со напорно работење на себеси, тогаш малку е веројатно дека клиентот ќе стекне доверба во него. Едноставно енергијата со која зрачите ја пренесувате на луѓето околу вас.

Други придобивки кои доаѓаат преку вежбањето со личен тренер се и едукацијата која ја добивате, поставувањето на реални цели, заштедување на време со максимални резултати, подобрување на менталното здравје, креирање здрави навики, прилагодување на вашиот неделен распоред, насочување кон секојдневни предизвици. Затоа, за да го добиете ова и многу повеќе, бидете дел од фитнес програмата на Александра Наумовска и обликувајте го вашето тело на совршен начин.