Ви откриваме како се изведува оваа постапка и од што зависат резултатите и кои се нус појавите на овој зафат..
Ботоксот е еден од оние нешта за кои ретко размислувате доколку сеуште не сте навршиле 35 години. Општо е прифатено дека ботоксот го користат жените во зрелите години со цел да ги намалат брчките, но во последно време оваа процедура стана популарна и кај младите девојки.
Зборуваме за тоа зошто е добро да бидете запознаени со профилактичкиот ботокс иако имате само 20 години, како се спроведува постапката и кои се неговите предности.
Што претставува превентивниот ботокс?
Превентивниот ботокс се користи за преквалификација на мускулите на лицето. Со помош на неуромодулаторите се влијае врз одредени мускули кои ја истегнуваат кожата. Како резултат на нтоа, кожата и мускулите побрзо се опоравуваат од активните движења како смеењето и муртењето.
Стручњаците обично препорачуваат пополнување на брчките во две фази: прво користење на ретинол за поттикнување на производството на колаген кој ја зајакнува кожата, а потоа користење на неуромодулатор како што е ботоксот.
На кому му е потребен?
Што и да би рекле дерматолозите и хирурзите, ботоксот не е никому потребен доколку тоа не го посакувате самите вие. Сосема е во ред да оставите вашето лице да изгледа природно, занемарувајќи ги стандардите на убавината во индустријата.
Меѓутоа преднсотите на превентивниот ботокс се навистина воочливи: може да ве спаси од развојот на брчки во иднина или значително да го успори нивниот развој. Најдобро време за борба против брчките е кога тие први ќе се појават.
Како се изведува оваа постапка?
Процедурата е многу едноставна, за почеток се очекува да се консултирате со специјалист. Научете за сите можни нус појави и правила на однесување после инјекцијата како и за тоа како треба да ја негувате вашата кожа. Најверојатно прво ќе биде направена анализа на вашето лице за да се одреди точното место каде треба да биде извршена процедурата, самата инјекција може да биде малку болна но сигурно е тоа дека не е воопшто ништо заплашувачко. Во првите неколку часа, местата каде што ќе биде вбризган ботоксот нормално е благо да отечат. Во текот на наредните 4-6 часа се очекува да се вратат во нормала.