Категории

Ви претставуваме листа на подароци кои никој не сака да ги добие

Сеуште не е премногу доцна за да ја исправите грешката. Ако стварно сакате да ги израдувате најблиските, тогаш немојте да им ги купувате овие нешта.

Сезона е на подароци па ако сакате да ги израдувате своите најблиски и пријатели, немојте да им купувате рамка за фотографии.
Истражувањата велат дека тоа е најнепопуларниот подарок и дека во 34% од случаите се враќа или се подарува на некој друг.

Веднаш позади него следат миризливите свеќи и бомбоњери.

Британската фирма VistaPrint неодамна спроведе истражување помеѓу своите клиенти за тоа кои им се најдраги, односно најомразени божиќни подароци – и што никако не би сакале да пронајдат под елката. Голем број од испитаниците, дури 72% рекле дека најдраги им се уникатни и персонализирани божиќни подароци кои ги избрале или се изработени баш за нив, како фотоалбум и рачно исплетен шал.

Една жена ги посоветува мажите да престанат да им купуваат козметички сетови, препаратива или декоратива на своите партнерки, иако оваа година се попопуларни од било кога.

„Иако е тешко да се избегнат и ги има дури и во малите прехрамбени продавници, малку жени сакаат на подарок да добијат козметични производи со мала патна хидратантна крема, примерок парфем и шишенце гел за туширање“ – напиша корисничка на Фејсбук.

На оние кои ви се најблиски најдобро е да ги прашате што сакаат за празниците, и тука нема грешка. А ако некој сакате да го изненадите, добро размислете за тоа што сака и каков поклон би бил соодветен. Не купувајте во брзање и прво што ќе ви дојде при рака.

Прегледи:
616
Објавено на:
30.12.2020