Категории

Видео: Како да се направи супер природен базен

Вака би требало да изгледаат базените во иднина. Овој базен нема граници и нема никакви хемикалии во водата, што значи дека е комплетно безбеден и здрав за сите растенија и животни во него. Тие, покрај филтрите, ја одржуваат водата чиста, а има и систем за циркулација на водата кој работи на соларна енергија.

Рачно изработен од Дејвид Паган Батлер, овој извонреден нов изум ќе придвижи многу луѓе кон подобар и поприроден начин на живот.

Дејвид вели „Пливањето во обична вода е пријатно за нашите сетила. Вашата кожа и коса ги чувствувате меки, а очите не ве печат. Се чини како секоја клетка од телото да ви кажува – вакво треба да биде пливањето.“

Прегледи:
418
Објавено на:
30.07.2016