Категории

(ВИДЕО) Магично шарени велигденски јајца – Едноставна техника која ќе ве воодушеви

Едноставна техника со која ќе постигнете воодушевувачки резултати

За најшарените велигденски јајца потребно ви е следното:
-50 мл оцет
-влажни марамици
-гумички за тегли
-неколку гел бои за јајца

Марамицата натопете ја во оцетот, исцедете ја па со неа замотајте го вареното јајце. Стегнете го со гумичка за тегла.
Ставете заштитни ракавици, отворете ги различните гел бои за јајца, со помош на показалецот натопувајќи го почнете да ги нанесувате боите по јајцето.

Кога ќе ги нашарите, преостанатиот оцет префрлете го во шише со распрскувач и напрскајте го секое јајца па распоредете ги врз хартиена подглога и оставете ги да се исушат најмалку 2-3 часа.

Деталната постапка можете да ја видите во видеото подолу.