Пристигна традиционалниот музички микс на DJ Earworm во кој се споени најголемите хитови за годината која изминува.
Најновиот поп „мешап“ на диџејот од Сан Франциско е наречен „United State of Pop 2016“, а ги спојува 25-те најпопуларни хитови во САД, меѓу кои „This Is What You Came For“ на Калвин Харис и Ријана, „Can’t Stop The Feeling!“ на Џастин Тимберлејк, „Cheap Thrills“ на Сиа и „24K Magic“ на Бруно Марс.