Категории

(ВИДЕО) Научници преку видео демонстрираа како вирусот се шири по продавниците

Научницие од универзитетот „Алто“ направи ја видео анимација во која е прикажано како кашлањето може лесно да зарази луѓе во продавница

Предупредувачката анимација покажува, како што објаснуваат научниците, дека честиците кои во воздухот остануваат неколку минути после само едно кашлање, можат да заразат луѓе во два околни редови во супермаркет.

Компјутерската симулација покажува како вирусот од инфицираната особна патува во затворен простор, а дури и кога инфицираната личност заминува, зад неа останува облак од честици.
Како што може да се забележи на снимката, откако личноста ќе се накашла, вирусот се шири низ просторот. Сините честици кои се делови од вирусот остануваат пократко, додека жолтите се искачуваат над нив. И после цела минута, како што покажува снимката, огромен број на честици останува на местото каде што била инфицираната личност, и се движи како облак.

Како што објаснуваат, паѓањето на честиците на подот може да трае и до неколку минути а екстремно малите честици вирус не паѓаат на подот туку се движат во воздухот или остануваат да лебдат доколку нема воздушни струи. Некои од нив можат да завршат и во респираторниот тракт на минувачите.

Прегледи:
499
Објавено на:
13.04.2020