Категории

ВИДЕО: Неверојатно силна мајка која вежба со својата ќерка стана интернет сензација

Неверојатно силна мајка на две деца деновиве привлекува големо внимание на интернет со видео во кое вежба со својата мала ќерка врз себе.

За време на своите тренинзи, Гасја Акметова често прави тешки гимнастички вежби додека 3-годишната ќерка Камали се држи за нејзиниот врат. Погледнете:

Флексибилната мајка, која во минатото настапувала во акробатското шоу „Cirque du Soleil“, споделува кратки снимки и фотографии со илјадниците обожаватели на Instagram и редовно мами комплименти.

02

03

Гасја потекнува од Казахстан, но живее во Британија со сопругот, ќеркичката и едногодишниот син. Малата Камали редовно ѝ се придружува на мајка си во тренинзите и сака да ги следи нејзините чекори. „Таа обожава да танцува и секогаш ми се придружува на тренинзите. Не сум мајка која би ја присилувала и се обидувам да внесам забава во сè што правиме заедно“ – вели Гасја, која ја ставила гимнастичката кариера на пауза за да се фокусира на своите деца.

04

05

06

07

08

09

10

11

Прегледи:
477
Објавено на:
17.04.2016