Категории

ВИДЕО: Огромен „ѕвер“ ги уплаши туристите за време на крстарење по реката Чоба

Туристите кои уплатиле за возење по реката Чоба во Боцвана добија многу повеќе отколку што очекувале.

Еден од туристите го снимал убавиот африкански пејсаж, кога забележал дека нешто големо излегува од водата.

Пред нив се појавил огромен нилски коњ и покрај тоа што голем број од туристите биле во паника, „снимателот“ продолжил да го снима огромното животно.

Нилскиот коњ со симпатичен излгед е меѓу најсмртоносните животни во светот. Во Африка тие земаат многу повеќе човечки животи од кое било друго диво животно.

Прегледи:
348
Ознаки:
·
Објавено на:
28.03.2016