Категории

ВИДЕО: Ова е епизодата од „Парампарче“ во која ја убиваат Ѓулсерен

Информациите дека убавата Ѓулсерен (Нургул Јесличај) ќе го загуби животот во серијата „Парампарче“ на денот на свадбата со Џихан (Еркан Петекаја) предизвика негодување кај сите љубители на оваа серија.

Иако како причина за барањето на Нургул, ликот на Ѓулсерен да биде убиен наводно биле несогласувањето меѓу двајцата популарни актери, односно дека Еркан бил насилен и груб кон Нургул и постојано сексистички насторен, вистината е поинаква. Во турските медиуми Еркан ги демантираше ваквите шпекулации велејќи дека бил непријатно изненаден од таквите пишувања, а со Нургул се блиски пријатели.

-Сценариото во серијата драстично ќе се промени. Ликот на главната протагонистка ќе го нема, и да, тоа се случува. Ќе следуваат многу интересни и возбудливи епизоди. Не постои ништо од она што се пишува во медиумите, освен дека Нургул има други планови, изјавува Еркан.

Во продолжение погледнете ја епизодата во која Ѓулсерен е убиена.

Прегледи:
443
Објавено на:
16.11.2016