Категории

(ВИДЕО) Паднала и се парализирала, но се вратила појака од било кога! Ова е нејзината исповед

Бразилката Марсел Манкузо (23) останала парализирана по незгодата која ја доживеала во теретана, но нејзината приказна е вистински пример дека храброста и упорноста секогаш се исплатат.

Таа е дипломирана правничка, љубителка на фитнесот и Инстаграм ѕвезда.

Имено, во јануари 2016 година, Марсел во теретана доживеала незгода додека вежбала. Се лизнала на справата, паднала на глава и ја скршила кичмата.

„Тоа бил сосема обичен ден во теретана. Почнав да правам стомачни свртена обратно, а бев прицврстена за опремата со трака која сред вежбањето пукна. Се лизнав и паднав, а мојот личен тренер не успеа да ме задржи“. – објаснува Марсел.

Таа удрила со главата во подот и од тој момент не можела да го помести своето тело.

„Мојата дијагноза беше тетраплегија – состојба кога не можете да ги движите нозете и рацете. Докторите не знаеја дали ќе можам повторно да одам или ќе останам засекогаш во кревет“, вели Марсел.

Таа го скршила четвртиот пршлен на кичмата во пределот на вратот, при што останала парализирана од вратот надолу.

Do findi nesse paraíso! ☀?#jurereinternacional #voltajurere

A post shared by Marcelle Mancuso (@marcellemancuso) on

Таа значително напредувала во овие две години по несреќата. Оваа фитнес зависничка веќе по три денови можела да ги мрда прстите и петите, а после еден месец ги направила првите чекори.

Obrigada, Deus! Mais um sábado especial! ??❤ #happy #nevergiveup

A post shared by Marcelle Mancuso (@marcellemancuso) on


„Секој ден на терапијата давав се од себе. Бев спремна да се борам се до последната минута па и докторите ги изненадив колку бргу се опоравував“.

Денес е поактивна од било кога, повторно вежба во својата теретана и вели дека има чувство како да се разбудила од кошмар.

Прегледи:
516
Објавено на:
10.03.2018