Ремек делото на Кире Лазаров, по двојниот цепелин со Дејан Манасков на мечот со Франција во првото коло, ЕХФ го избра за најубав гол во групната фаза во А и Б групите, каде вчера се одиграа мечевите од третото коло.
Манасков и Лазаров цепелинот го вежбаа на пријателскиот меч со Црна Гора пред шампионатот.
Уште еден преубав гол, тој на Лук Абало, заврши на второто место во изборот.