Охрид1 од високи полициски извори дознава дека групата ”Prodigy” која утре во рамки на ”OHRID CALLING” има свој настап веќе разгледувале делови од градот и езерото, а се движат со полициско обезбедување на високо ниво.
Оваа видео снимка која ја доби Охрид1 покажува конвој возила кој поминува покрај СРЦ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ , а со кој од наши полициски извори дознаваме дека се превезувале членови на ”Prodigy”.
Мега популарната група утре има настап за кој се продадени над 15.000 влезници, а во јавноста нивниот концерт се толкува како конечен пресврт и ”детурбофолкизација” на Охрид.
„OHRID CALLING“ е фестивал организиран од Авалон Пордукција и помогнат од градот Охрид.