Како да е од друга планета, ја отпеа “Зајди, зајди” и сите ги остави во транс, со солзи во очите. На вчерашното супер-финале на “Пинкови Ѕвездички” победата отиде во рацете на неверојатниот талент, Марко Бошњак, кој од самото појавување во шоуто, со својот глас ги освои сите.
Втората сезона на Пинкови Ѕвездички го доби вториот победник, додека на второто место заврши неверојатно талентираната Македонка, Мартија Станојковиќ.
Нашата Антониа заврши на седмото место на овој музички натпревар и покрај изведбите за кои доби огромни пофалби.