Категории

Видео од неверојатниот процес на градење на брод за крстарење

Бродовите за крстарење може слободно да кажеме дека се градови кои пловат. Но како се гради овој пловен град?

Сето тоа е долг, макотрпен процес, тоа може да се види од градењето на новиот брод на AIDA Cruises во Нагасаки, со име AIDAprima. Овој крузер има капацитет за 3,300 патници и 900 екипаж, а долг е 305 метри.

Градењето на бродот чинело 645 милиони долари. а кога ќе го видите процесот на градење, ќе ви биде јасно дека вреди секој долар.