Нашата годинешна претставничка на Евровизија во Киев, Јана Бурческа, неделава ја стартуваше промотивната турнеја, а првата дестинација е Лондон.
Откако се потруди на сите новинари да им даде интервју и да им ги објасни деталите за песната, авторите, подготовките за настапот… се појави и на евровизиската забава пред лондочани.
Токму на овој настап Јана за првпат пред публика ја отпеа „Dance alone“, момент за кој и тамошните новинари се интересираа. Како звучи нашата евровизиска песна кога Јана ја пее во живо, гледате во продолжение:
Извор : Вистина.мк