Категории

ВИДЕО: Шарапова запросена на меч во Турција, нејзиниот одговор ја воодушеви публиката

Руската тенисерка Марија Шарапова доби брачна понуда на ревијалниот меч во Истанбул.

Шарапова моментално е на турнеја во склоп на подготовките за наредната сезона, а во Истанбул играше против Чагла Бујукакчај.

Додека се подготвуваше да сервира, еден навивач од публиката викна „Марија, ќе се омажиш ли за мене?“ и ги насмеа сите присутни.

Шарапова ни за момент не беше збунета и одговори „можеби“, што дополнително ја анимираше публиката, погледнете.

 

Прегледи:
409
Објавено на:
28.11.2017