„Гугл“ објави листа на најпопуларните теми кои биле пребарувани во текот на 2016 година.
Оваа година светот загуби многу значајни поединци, така што првпат „гугл“ направи категорија „губитници“, а покрај Принс и Дејвид Боуви, на листата на најчесто пребарувани имиња кои веќе не се меѓу нас се и Алан Рикман, Мухамед Али и Леонард Коен.
Сепак, вкупно, „Покемон гоу“ е најпребарувана тема оваа година и покрај тоа што опаѓаше интересирањето за оваа игра.
Потоа следи „Ајфон 7“ кој е на втората позиција, Доналд Трамп е трет.