Категории

ВИДЕО: Студент се обложи со професорот и им обезбеди положен испит на колегите

Студент од Охајо стана интернет ѕвезда, откако се обложи и го доби облогот со професор, кој вети дека ќе ги пушти сите студенти на неговиот испит.

Необичниот настан се случил на предавањето по органска хемија, кога мало топче кое служело како прибор за практична вежба, завршило во рацете на студентот Вини Форте.

Досетливото момче го предизвикало професорот дека може да ја погоди корпата за смет на другата страна на амфитеатарот, но за возврат сите негови колеги да го минат испитот без учење.

Професорот се согласил, не верувајќи дека тој може да погоди од 30-ина метри оддалеченост.

Овациите во амфитеатарот траеле 10-ина минути.

https://www.youtube.com/watch?v=nY3U-p1gcX0

Прегледи:
349
Објавено на:
06.09.2016