Категории

Видови на пријателства кои не ви се потребни во вашиот живот

Сите ние сме суштества на кои ни е потребно она чувство на припадност и почит од иза луѓето кои ни значат. Затоа вредните и долготрајни пријателства треба да се чуваат и негуваат.

Но, исто така постојат и пријателства кои воопшто не ни се потребни во животот.

Пријателите кои постојано се натпреваруваат со нас навистина не ни се потребни. На пример, тие се натпреваруваат кој има поубав изглед, поубава фризура или поубав аутфит за излегување. Овој тип на пријатели најмалата ситница знаат да  ја направат да изгледа голема, а тоа не е здраво за пријателството.

Доколку ваиот пријателот постојано ве критикува, а на тој начин и повредува, тој не ви е вистински пријател. Вистинскиот пријател ќе ве разбере и поддржи. Тој пред се, ќе ве ислуша, разбере, даде совет и подржи дури и да не сте во право, но на само ќе ви укаже на грешките.

Пријателства кои опстојуваат само во моменти кога пријателот има потреба од вас не се вистински. Често се случува се чувствувате осамени и да имате потреба од вашиот пријател, но тој во тој момент да нема ни минута време да ги сослуша вашите проблеми. Но, кога пријателот ќе западне во неволја, вашиот телефон не престанува да ѕвони. Едностраните „пријателства“ се оние од кои најпрво ќе треба да се ослободите.

Прегледи:
596
Објавено на:
26.01.2018