Категории

Вие сте одличен родител, партнер, сестра, брат, ќерка, син, работник, пријател и правите доволно

Да се биде родител значи да се почувствува вистинската љубов и среќа кои животот може да ги понуди, во нивната најпроста и најосновна форма. Да се почувствува онаа душевна и духовна исполнетост за која можеме само да читаме во бајките.

А, ова писмо говори токму за тоа. Во него пишува дека родителството е како фотографска леќа која постојано стои во фокус и со која можеме да ја фатиме убавината не само на бесценетите моменти, туку и на обичните и секојдневните, бидејќи совршенството се крие и во најситните детали. Прочитајте, и потсетете се на својата, но и на вредноста на вашите најмили.

Драги пријатели,

Мислам дека треба да го слушнете ова денес: Вие сте доволни. Вие сте доволни. Вие сте доволни. Земете длабок воздух и повторете: Јас сум доволен/доволна.

Вие сте сѐ она што му е потребно на вашето дете. На вашиот партнер. На вашите пријатели. На вашите родители. Браќа и сестри. Вашата работа. Вие сте одличен родител, партнер, сестра, брат, ќерка, син, пријател, работник и правите доволно.

Правите доволно за своите деца – ги сакате. Тие се безбедни, здрави, среќни и во оние денови кога не се, го давате најдоброто од себе и правите сѐ што можете за да го промените тоа.

Живееме во време кога понекогаш се чувствуваме како да не сме доволни и како да не правиме доволно. Брзаме до училиштата, до часовите по странски јазик, музичките часови, летните кампови, балетските училишта и фудбалските тренинзи, но сметаме дека не ги извршуваме работите доволно добро.

Се прашувате дали добро ги нахранивте своите деца? Дали им читате доволно? Дали им ги читате правилните книги, воопшто? Дали е добро училиштето во кое одат? Дали доволно им кажувате дека ги сакате? Дали знаат колку ви се важни? Дали спијат доволно? Дали се подготвени да се соочат со животните авантури без вас? Дали сте доволно присутни во нивниот живот? Дали имате доволно средства да им обезбедите сѐ што им треба? Дали сте добар пример?

И самите учите како да им обезбедите подобар живот и подобра иднина, и сфаќате дека вашиот живот сега се заснова на нивниот. Им помагате на своите родители, на своите пријатели дури и во оние моменти кога вашата помош не е потребна. Правите домашни рецепти, ширите нови познанства, стекнувате пријатели, правите домашен џем и мармалад за вашите дечиња да имаат вкусен и сладок појадок.

Зборувате со мудрост, но зборувате и без размислување. Зборувате премалку, но зборувате и премногу. Испраќате подароци, писма, сметки. Планирате состаноци, роденденски забави, лекции, ја планирате иднината. Брзате на работа, до продавница. Се обидувате да најдете време за се напиете вино со пријателите, да се истуширате на мир, да седнете на каучот барем 5 минути и да ја прочитате омилената книга која сте ја започнале минатиот месец. Се обидувате да го стигнете работниот проект на време, да ги поддржите пријателите и семејството. Водите сметка за домот, компаниите, работното место.

Самоуверени сте и силни, но понекогаш сте и несигурни. Вие сте многу работи, во многу различни форми, и тоа е вашето секојдневие. Всушност тоа е животот и сите негови подеми и падови низ кои поминувате и за што сте благодарни дека имате шанса да ги поминувате.

Постојат денови кога се чувствувате како да не сте доволни. Но, вистината е сосем спротивна: Вие сте си доволни и на самите себеси и на сите околу вас. И не го заборавајте тоа.

Прегледи:
620
Објавено на:
11.03.2020