Категории

Вие и вашата сестра пред да наполните 30 треба да …

Ако имате сестра, тогаш ви е јасно дека секогаш кога имате некој проблем прво сакате со неа да го споделите.

Сестрата е пријателка со која делите ист генетски материјал, па затоа со неа би требало да поминете колку што е можно повеќе време.

Ако и двете се уште немате наполнето 30 години, пред вас можат и треба да се најдат многу незаборавни авантури, иако ни годините не се пречка за одличниот провод.

Сите сестри имаат различен однос, но барем дел од овие 10 работи едноставно морате да ги направите со својата сестра пред да наполните 30 години.

1. Испланирајте лудо патување и направете колку што е можно повеќе заеднички фотографии.

2. Направете тетоважа во форма на таен сестрински симбол или со иницијалите на вашите имиња.

3. Давајте си меѓусебно утеха кога имате проблеми или сте доживеале некој неуспех.

4. Одберете заеднички омилен алкохолен пијалак.

5. Бидете искрена кога ќе побара од вас мислење за нејзиниот нов партнер.

6. Секогаш кога е потребно излажете ги родителите во нејзино име, а потоа одржете и лекција.

7. Поделете со својата сестра тајна која на никого не сте му ја кажале.

8. Одете на спа третман со својата сестра.

9. Посетете заедно некој фестивал.

10. Имајте барем еден вистински заеднички пријател.

Прегледи:
449
Објавено на:
09.05.2016