Високи летни температури, секојдневни обврски, а летниот одмор е премногу краток во споредба со долгото топло лето. Она што ви треба е место кое нуди разладување во летните денови, а сепак е сместено во близина на градот. Место каде што секојдневно ќе ги конзумирате убавините на летото, место создадено за уживање и заборавање на секојдневните грижи.
Токму тоа го нуди базенот Umbrella кој што се отвора викендов, на 23 јуни, со голема забава за да го означи почетокот на една весела и топла сезона, исполнета со многу изненадувања. Umbrella се наоѓа на само 15 км од центарот на градот, надвор од градскиот метеж, во мирна и пријатна околина, а сепак доволно близу за да одвоите време за пливање, одмор, релаксација и освежување со ладни освежителни пијалаци.
Колоритниот амбиент, веселата летна атмосфера и мултифункционалноста на објектот, ќе ве освојат уште при првата посета, без оглед дали ќе се одлучите за разладување во базенот или пак сакате да се освежите со некоја пијачка под сенките на шарените чадори.
Посетете го базен Umbrella и искористете ги убавините кои ви ги нуди летото на вистински начин, бидејки штом еднаш го посетите ова место, со сигурност ќе биде вашата омилена дестинација.