Категории

Вила со поглед кој не се заборава

Како дел од Forte, Gimenes & Marcondes Ferrazas Arquietetos од 2008 година, оваа неверојатна вила е изградена на падините на бразилскиот планински венец.

Тоа е планинскиот венец кој Serra da Mantiqueira, што и дава на оваа вила уникатна средина. Таа наликува на футуристичка куќичка на дрва, сега достапна за 11.5 милиони долари, со отворени патеки, беспрекорен поглед и опкружување кое секако вреди премногу.

Архитектите кои работеа на оваа вила, одлучија да ја изградат главната вила на еден дел од земјиштето кој мери 40.5 хектари, што претставува мала долина, нудејќи приватност и заштита од негативни влијанија. Поради тоа, вилата Grid се вклопува одлично во околината, како мешавина од дрво,челик и бетон.

Зафаќа површина од 2.100 м2 и содржи шест соби за спиење, огромни апартмани, дневни соби и голема кујна, со модуларен дизајн и секоја соба нуди можност за промена на аранжманот. Исто така, постои можност овој замок да стои гордо над долината, нудејќи поглед кој не се заборава.

Се разбира, вниманието на детаљите и прекрасниот ентериер е нешто што новите сопственици ќе умеат да го ценат. Широките стаклени ѕидови, независните простори поврзани со надворешниот ентериер со прекрасни и широки патеки, како и дизајнот на ентериерот, секој би посакал ваков дом. На крајот одговорете откако ќе ја погледнете галеријата од оваа вила,,,Дали би се преселиле во Бразил?”

Прегледи:
395
Објавено на:
10.03.2016