Категории

Вино на штикли во винскиот бар и ресторан „Форца“

На 3-ти јули (среда) од 20 часот па се до 1 часот по полноќ, винскиот бар и ресторан „Форца“ таа вечер ќе биде главното место на забавата во македонската метропола. Трето издание на „Вино на штикли“ – најавениот и долгоочекуван настан, спектакл каков што досега ретко му се случувал на Скопје.

Имено, се работи за винско-моден настан на кој освен дегустација на различни врсти вина од македонски и странски винарии по супермаркетска цена на чинење, гостите ќе имаат можност да проследат уште неколку различни забавни перформанси.

Така, македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд ќе ги забавува гостите со своите најголеми хитови, но и со дузина познати светски и регионални актуелни песни и евергрини. Пред и потоа, присутните ќе се журкаат со DJ Branchez и неговиот специјално подготвен ди-џеј сет за таа прилика.

Влезот на „Вино на штикли“ е бесплатен. Се разбира, претходно навреме направете си резервација, зашто просторот е сепак ограничен, а интересот огромен!

Резервирајте на 078 445 068 или преку порака на фан страницата на Forza Wine Bar & Restaurant

Прегледи:
656
Објавено на:
26.06.2019