Категории

Виолетова носи богатство, жолта-среќа: Што означуваат боите со кои ги фарбаме јајцата за Велигден?

Традицијата на боење јајца е заштитен знак на еден од најубавите празници-Велигден. Но дали знаете што точно означува секоја од боите со кои ги фарбаме јајцата?!

1. Црвена боја

Оваа боја е поврзана со крвта на Исус Христос. Затоа црвената боја е симбол на љубов и жртва за доброто на сите луѓе.

2. Виолетова боја

Виолетова боја за време на Велигден претставува царство и се смета дека оваа боја носи богатство.

3. Зелена боја

Освен што е бојата на тревата, зелената боја носи со себе увид на надеж, што претставува раѓање и обновување. Новите растенија се создаваат кога тревата и лисјата повторно стануваат зелени.

4. Светлосина боја

Ова е боја која симболизира рај, небо и вода. Светлосината боја, исто така, го означува почетокот на новата креација, мир и хармонија. Имено, јасното сино небо и дожд се оние кои овозможуваат развој на нова пролет.

5. Жолта боја

Не е ни чудо што жолтата боја се поврзува со сончевата светлина. Тоа е боја која носи среќа и радост.

6. Портокалова боја

Портокаловата боја е извор на надеж и е поврзана со новиот пресврт, почетокот на новиот ден и новата година.

7. Розова боја

За време на Велигден, розовата боја симболизира нов почеток. Исто така, ова е бојата за која за врзува и разиграноста.

Прегледи:
670
Објавено на:
03.04.2018