Категории

Виолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе одржи концерт за деца

Виолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе реализира концерт за деца на 20 октомври со почеток во 12 часот во малата сала на Македонската филхармонија.

Што е тоа… гудачки квартет?

Мали камерни состави – Пламенка Трајковска, со огромно задоволство го најавува својот најнов проект посветен на децата и младите „Што е тоа..“ чија цел е доближување на класичната музика до овој сегмент од населението. Првиот дел од од проектот се однесува на гудачките инструменти и музичките состави, кои што децата и младите, преку еден интерактивен и мултимедијален концерт, ќе можат да го видат/слушнат/осетат. Концертот ќе вклучува и сценски движења и мултимедијални елементи преку кои учесниците ќе ги однесе во светот на класичната музика и ќе ги запознае со музичките инструметни и начинот на музицирање на виолина, виола и виолончало.

На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат Наташа Диденко, Љубица Бошкова и Маја Михајловска, професионални музичари, вработени во Македонската филхармонија.

Пламенка Трајковска – мали камерни состави

Пламенка Трајковска – мали камерни состави досега имале можност за реализираат повеке концерти за деца во Скопје и во домовите за култура во Македонија. Од почетокот на годината Пламенка Трајковска – мали камерни состави реализираа повеке концерти за деца со наслов „Музика и танц за учениците“ во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, а сега го започнуваат новиот проект наменет за доближување на класичната музика до децата – „Што е тоа… гудачки квартет“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и од Македонската филхармонија. Билетите за овој несекојдневен настан може да се купат на билетарницата на Македонската филхармонија.