Категории

Vip АКВА ПАРК во СЦ Борис Трајковски ја започнува новата, шеста сезона по ред!

Vip АКВА ПАРКОТ кој работи во склоп на СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ ја започнува новата, шеста сезона по ред оваа сабота на 09.06.2018 година.

Летната авантура продолжува и оваа година на бумерангот, мрзливата река, базенот со бранови, спејс болот… каде ќе можат да уживаат малите, но и големите.

Исто така оваа година во аква паркот нова и модерна опрема, нов ентериер, тераса со удобни лежалки и за прв со три бара за пијалоци.

Задолжени за добра забава на спекталураното отварање ќе бидат диџеите на Сити Радио Диџеј Дела и Диџеј Боби заедно со Диџеј Ампов.

Летото може да започне!

Прегледи:
434
Објавено на:
06.06.2018