Категории

Вирален хит – Список на забранети изговори на испит

„Имам мало дете дома“ е само еден од забранетите изговори на испит

На вратата на еден кабинет на Факултетот за политички науки во Белград, било изложено важно известување за студентите. Професорката на својот кабинет залепила предупредување на студентите кои изговори не смеат да ги користат во текот на полагањето на испитите.
Многу од нас во текот на школувањето и студирањето сме користеле разни измислици со цел да успееме да положиме, но некогаш тие изговори „држеле вода“ а некогаш баш и не..

Еве кои изговори професорката ги забранила да се употребуваат во текот на полагањето на испитите:

-„Само ова прашање не го знам од сите и баш него го извлеков..“

-„Чекам од 9 часот наутро да дојдам на ред, ми падна притисокот..“

-„Јас го знам ова, навистина, само нешто ми се измеша..“

-„Знаете како, јас имам мало дете дома/трудна сум..“

-„Но мене ми остана само овој испит..“

-„Можам ли да одговарам повторно следната седмица?“

-„Ако не го положам овој испит, нема да можам да одам за Америка / ќе ја изгубам работата / нема да запишам постдипломски студии..“

-„Имав смртен случај во семејството… може ли да извлечам ново прашање?“

-„Работам две работи, не можев да присуствувам на предавањата..“

-„Ми застана мозокот моментално..“

Прегледи:
589
Објавено на:
27.10.2019