Категории

Вишни – Овошје кое е симбол на здравјето и младоликоста

Можете да ги јадете во неограничена количина – Ова се сите извонредни придобивки на ова овошје

Замрзнатите или конзервирани вишни се одличен антиоксиданс но не можат да се споредат со свежо набраните, затоа сега треба да уживате во сезоната на ова кисело-слатко овошје кое изобилува со здрави придобивки.
Вишните се здрави поради повеќе причини. Освен што се добри за спречување на несоница, го регулираат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести. Вишните можат да ви помогнат да бидете младолики и да имате здрава коса.
Ова кисело-слатко овошје се покажало како доста супешно во намалување на воспалителните процеси и ублажувањето на болките при артритис, особено кај гихт.

Истражувањата утврдуваат дека чаша сок о видшни може да ги ублажи болките во зглобовите затоа што активните состојки на ова овошје ја намалуваат количината на мокрачната киселина која е причина за проблемот.
Освен тоа вишните имаат алкална природа и можат да бидат доста корисни за одржувањето на pH рамнотежата во организмот. Неутралната киселост сспречува желудачни тегоби и други проблеми со варењето и му дава на телото додатна енергија.

Вишните содржат растителен пигмент антоцијан кој е моќен антиоксиданс во превенцијата на анемија, срцеви болести и тумор. Ова овошје е богат исвор на калиум, има висок процент на вода а содржината на белковини е доста ниска.
Исто така содржат и витамин Ц и витамини од групата Б, и кобалт кој го снижува крвниот притисок. Ги зајакнуваат крвните садови, особено капиларите. Дијабетичарите можат да ги јадат во неограничени количини затоа што содржат многу малку шеќер.

Прегледи:
881
Објавено на:
21.06.2020