Категории

Вистината позади озлогласената Харли Квин – Што се крие позади најинтригантниот стрип лик?

Харли Квин е лик чија популарност расте постојано откако ликот се појави во познатата анимирана серија за Бетмен од 1992 година. Интересот за ликот на Харли Квин се зголеми по филмовите “Suicide Squad” (2016) и “Birds of Prey” (2020), во кои актерката Марго Роби брилијантно го претстави ликот на Харли Квин, правејќи ја уште попопуларна.

„Харлин“ е триделна мини-серија стрипови на Стјепан Шејиќ, објавена на крајот на 2019 година од страна на ДЦ, под покровителство на едицијата „Black Label“ (стрипови за постара публика)

Стјепан Шејиќ внесе свежина во ликот на Харлин Квинзел со стрипот „Харлин“ и подобро од кој било досега и ги кажа мотивите, идеите и патеките кои неминовно ја однесоа во прегратките на Џокер и ја направија психички болна како него.
Младата и енергична докторка Харлин Квинзел верува дека менталните болести се последица на механизмот за преживување. Како млада докторка со потенцијален лек за ментална болест, таа ќе мора да ја докаже својата теорија со навлегување во вознемирените умови на најозлогласените затвореници на менталната институција „Аркам“. Но, патот кон пеколот е секогаш поплочен со најдобри намери.

Стјепан Шејиќ ги прикажува настаните користејќи ја самата Харлин Квинзел како наратор, затоа што кој ја познава Харли подобро од неа? Кога ќе започне приказната, нема траги од Харли Квин, тука е само младата д-р Квинзел, која ни го покажува целиот збир на настани видени низ нејзините очи, давајќи увид за тоа која била пред да стане девојка на неславниот Џокер.

Харли Квин и Jокер
Сејиќ убедливо и со многу хуманост покажува како Харли била само млада докторка која сакала да помогне во подобрувањето на светот во кој живее. Ефективно е прикажано како лице со толку многу хуманост го насочува вниманието кон опсесијата со криминалецот како што е Џокер. Тој не прави ништо што би ја романтизирал нивната врска, тој дури и не става акцент на таа врска, туку на промените во нејзината личност, додека градењето на нивната врска изгледа комплетно спонтано. Сцените кога Харли и Џокер минуваат време во Аркам за време на нејзиното истражување, немилосрдно потсетуваат на сцените со Кларис Стерлинг и Ханибал Лектор во „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Друга работа што Шејиќ маестрално ја опфаќа се транзициите од една временска рамка во друга, кои совршено се преклопуваат едни со други.
Уметничкиот дел е изработен во препознатливиот стил на дигитално обоен Шејиќ. И на тоа поле тој е подеднакво осмислен и детален. Сцените се живи, смели и апсолутно ја надополнуваат приказната. Тој не бега од потемните тонови кои беа неопходни во одредени делови од стрипот. Неговите ликови, што не е ни чудо кога станува збор за овој уметник, се крајно секси нацртани, дури и Џокер, со што се дава нов, уникатен визуелен приказ на готскиот принц на злосторството.

Прегледи:
1027
Објавено на:
25.01.2021