Категории

Вистината за сродната душа – Таа не е онаа која секогаш останува покрај тебе

Вистинската сродна душа веројатно е најважната личност која ќе ја запознаеш..

Луѓето мислат дека сродната душа е твојата совршена половина, и тоа е сето она кое секој го посакува.
Но вистината е таа, дека таа не е твоја половина. Таа е огледало, личност која ти го покажува сето она кое го задржуваш во себе, личност која те тера да растеш и созреваш и те тера да го промениш својот живот на подобро.

Вистинската сродна душа веројатно е најважната личност која ќе ја запознаеш, затоа што ќе ги сруши твоите ѕидови и ќе те разбуди од долгиот сон.
Но многу често сродните души не доаѓаат за да останат. Доаѓаат за те променат, да те направат личноста која си создаден да бидеш а потоа да заминат.

Целта на сродната душа е да го затресе твоето его и да ти покаже дека ти си повеќе од своите ограничувања и навики, да го скрши твоето срце напола за да може во него да продре светлината.
Да го прифатиш сето она од кое се плашиш и отворено да му пристапиш на светот.
Твојата сродна душа е твојот учител кој ќе ти покаже како да се вљубиш во животот.

Прегледи:
575
Објавено на:
01.07.2020