Категории

Вистинска приказна како од соништата: Сиромашни родители посвоиле момче кое ги направило милионери!

Сите сакаат приказни со среќен крај. Иако тие приказни во филмовите и романите ги има во изобилие, во реалноста се многу ретки. Меѓутоа, понекогаш, слушате приказни кои ви даваат надеж. Оваа е една од нив.

Кога Џајви Бадајл II бил дете, на Филипините го освоил еден сиромашен пар. Немал богато детство, но бил благодарен што имал љубов. Тие му дале можност да живее среќно.

Како што растел, тој учел и работел напорно и успеал да стане успешен бизнисмен. Поради тоа, одлучил на родителите да им обезбеди сѐ што им е потребно.

Им ја купил куќата од соништата. Својата животна приказна ја споделил на Фејсбук.

„Кога ме посвоиле Нани и Тати нивниот живот не бил лесен. Нани е продавачка, Тати е носач. Сега кога имам можност да им се оддолжам, ќе се погрижам да ги живеат своите соништа подобро од било кога“, напишал Лазаро.


Во својата објава тој споделил „пред и потоа“ фотографија. Кога парот го посвоил имале мала и трошна куќарка. Во внатрешноста се наоѓала мала кујна од која се излегувало на главната улица. Мала спална соба, една бања, пренатрупана дневна соба и прилично мал трпезариски простор.

Откако собрал пари, Лазаро им изградил луксузен летниковец со седум спални соби и сите погодности во кои можат да уживаат.

„Имав само три месеци кога ме посвоија и ми дадоа сѐ. Немавме луксузен живот, а веќе како студент морав да работам напорни физички работи. Бевме среќни ако имавме доволно храна за два оброци дневно, сепак љубов никогаш не ни недостигаше. Покрај сѐ, живеевме во шупа голема 21 квадрат“, изјавил тој.

Но, тоа не е сѐ. Покрај тоа што им изградил куќа од соништата, Лазаро ги води на одмори ширум светот. Лазаро на тој начин сака да им покаже колку им е благодарен за сѐ. Тоа вклучува и купување на луксузни подароци како торби и маркирана облека. Сега сите заедно конечно можат да уживаат.

Прегледи:
548
Објавено на:
29.01.2020