Категории

Вистинската љубов не знае за години – 73 годишниот Гете се вљубил во 19 годишна девојка

Германскиот писател, политичар, научник филозоф и еден од најзначајните личности во европскиот неокласицизам и романтизам, кон крајот на 18 и почетокот на 19 век, Јохан Волфганг Гете имал бројни љуови во животот, а Улрике фон Левецов била последната жена која ја сакал.

Прочуениот Гете, кога е љубовта во прашање, никогаш не им придавал големо значење на годините. Како 16-годишник се заљубил во три години постарата Ана Катарина Шонкопф. Се борел со месеци за нејзината наклонетост.

Различните животни класи на кои им припаѓале нивните семејства а пред се и нивните години биле пречка за сериозна врска. Кога Ана го напуштила, Гете тешко се разболел па поради туберколоза го напуштил Лајпциг и се вратил во домот во Франкфурт.

Гете и посветил на Ана 15 песни и 4 приказни.

Една година и шест месеци тагувал по својата прва љубов па продолжил со своите студии во Стразбург каде се вљубил во Фредерика Брион. После година дена врска решил да ја напушти и да и го скрши срцето.

Кога во 1772 година присуствувал на еден бал, Гете ја запознал Шарлот Баф која имала 23 години и била верена уште од 1768 за Кристијан Кестнер. Но тоа не го спречило Гете да и се додворува, а љубовниот триаголник толку го инспирирал што Шарлот ја преточил во ликот на Лота во романот „Страдањата на младиот Вертер“.

Подоцна срцето му го освоила Ана Елизабета Шонеман, прекрасна девојка од 16 години ќерка на едно богато банкарско семејство.

Гете ја раскинал веридбата со неа кратко потоа затоа што не се чувствувал добро во таквите кругови и не сакал обврска.

„Мојата љубов не знае дека имам седумдесет“. Славниот поет во 73-тата година од својот живот се заљубил во 19 годишна девојка.

Гете со Улрике разменувале погледи, зборови, воделе интелектуални разговори и се бакнувал со неа на свој начин „При бакнувањето не се битни устата, усните, туку душите“

Ја следел на маскенбал, на кој се повредил при пад. Годините не го спречиле во заведувањето, но не сакал да се откаже борејќи се со младите мажи кои ја освојувале Улрике.

Ја запросил но таа ја одбила брачната понуда, а на смртна постела наредила да се запалат сите писма кои Гете и ги испраќал.

Во врска на Улрике и Гете се замешала неговата љубоморна снаа Отилија која по враќањето во Вајмар не го пуштала од своите канџи.

Прегледи:
1037
Објавено на:
29.10.2020