Категории

Вистинската жена нема да трча по тебе кога ќе ја занемариш – Таа заборава и заминува

Постои мит за тн. „глумење недостижност“ – кој тврди дека колку повеќе некоја личност изгледа далечно и незаинтересирано, тоа повеќе сме опседнати со неа.

Многу мажи и понатаму веруваат лажно дека со однесувањето со кое покажуваат дека не им е грижа за жената, можат да ги добијат резултатите кои ги сакаат. Веруваат дека ако ја игнорираат ќе ја натераат да трча по нив. Некои луѓе дури и мислат дека ако се однесуваат лошо со својата жена, ќе добијат повеќе љубов и внимание.

Па многу луѓе го забораваат фактот дека овие манипулативни техники можат да функционираат само кај неискусни девојки, но никогаш кај вистински жени.

Вистинската жена знае што сака. Таа е исполнета жена која нема време за игри. Ако сте подготвени вистински да бидете со неа, да ја сакате и да се однесувате спрема неа на вистински начин, таа ќе го направи истото за вас.

Од друга страна, ако забележи дека не сте искрени, дека играте игри и не сте сериозни во врска со неа – таа ќе замине без да се заврти.
Затоа што таа знае како е кога некој вистински сака, не можете таа личност едноставно да ја игнорирате. Кога сакате некого, не можете да не ја возвратите својата љубов, чувства затоа што тоа е контрапродуктивно.

Вистинската жена сака да биде сакана, ценета и опсипана со внимание. Сака да биде сигурна дека секогаш ќе и се враќате и секогаш може да смета на вас. Ако не и го дадете она што и е потребно, таа едноставно ќе ве остави.

Многу луѓе мислат дека во врската е подобро да не ги откријат своите чувства спрема партнерот. Забораваат дека темелот на секој успешен однос е искреноста. А вистинската жена ја цени почитта повеќе од се. Знаат дека никогаш не можат да имаат вистинска интимност со неискрен партнер.

Ако сакате да имате вистинска жена покрај вас, исклучете го мобилниот кога сте со неа и сконцентрирајте се само на неа. Бидете грижливи, сакајте и обрнувајте внимание. Секогаш спрема неа однесувајте се со почит.
Ако ако се однесувате спрема неа како што заслужува, ќе се заљуби во вас и ќе ве награди со што повеќе љубов и внимание, а тоа би можело да биде почеток на прекрасен однос кој се темели врз доверба, љубов и искреност.

Прегледи:
636
Објавено на:
18.02.2020