Категории

Вистинскиот ЏЕНТЛМЕН добро ги знае и применува овие нешта

Ви донесуваме мал водич за тоа што всушност го прави еден маж вистински џентлмен каков што денешните дами посакуваат и ценат.

Џентлменот никогаш не оговара
Не трачари, не шири скандалозни гласини и не се обидува никого да оцрни. Напротив, вистиснкиот џентлмен секогаш се труди да го сочува својот интегритет и на другите луѓе околу себе.

Знае дека за да се достигнат вредните нешта мора напорно да работи
Не мислиме само на нештата во материјална смисла. Џентлемнот знае што е вистински важно во животот и дека за сето тоа да се постигне е потребен голем труд и време. Тој не брза и ги планира своите чекори пополека и прецизно.

Им помага на сите
На жените, на старите, на послабите од него. Штом забележи дека некому му е потребна помош, вистинскиот џентлмен веднаш ќе ја понуди.

Ја знае разликата помеѓу самодоверба и ароганција
Тој е свесен за своите доблести, изглед, интелигенција, тој не гледа никого од „висина“.

Има отворен ум
Тој е доволно интелигентен да може да победи во некоја расправа но и доволно интелигентен да го сослуша мислењето на другите, и е спремен од тоа да научи нешто и да усвои нова перпектива.

Докажува дека кавалерството сеуште постои
Вистинскиот џентлмен има манири и не се труди да ги покажува само кога сака да остави впечаток, тие манири се дел од него дури и кога никој не гледа.

Прегледи:
747
Објавено на:
12.12.2019