Категории

Вистинското име на Хелен Мирен е Јелена: Немам мајчински инстинкт и не верувам во Бога!

Дамата помеѓу актерките себеси воопшто не се доживува така. Хелен Мирен е родена 26. јули 1945. година како Јелена Лидија Васиљевна Миронова. Татко и потекнува од Русија, а мајка и од Англија. Важи за една од најотмените актерки во Холивуд.

Кариерата ја изградила исклучиво со талентот, упорноста и работата. Токму поради кариерата, нејзиниот приватен живот многу претрпел.

Хелен Мирен се мажи дури на 52. години за долгогодишниот партнер Тејлор Хекфорд. Никогаш не сакала да роди деца бидејќи смета дека нема мајчински инстинкт. Неколку пати изјавила дека не верува во Бога, но затоа од мали нозе верува во суштества како што се самовилите.

Четири години живеела со актерот Лијам Нисон, пред да го запознае својот сегашен маж Тејлор.

Ова се нејзините изјави кои ја прикажуваат вистинската личност на Хелен Мирен:

За себе: Голем трик е да научиш да живееш со фактот дека си познат по тоа дека си кул и гламурозен, а не по тоа дека си прекрасен.

За наградите на Академијата: Сѐ што треба да направите е да изгледате како го*но на филм и сите да мислат дека сте одличен актер. Всушност, сѐ што си направил е тоа дека си изгледал како го*но. Месото се продава. Луѓето не сакаат да гледаат слики од црква. Сакаат да видат голо тело.

За титулата дама:Во Англија е голема работа. Мислам дека тоа е голема чест. Но, морав сериозно да размислам за тоа неколку недели. На крај и подлегнав на гордоста.

За нејзиното барање да ја интервјуира новинар, а не новинарка: Повеќе сакам да работам со новинари, бидејќи постојат низа новинарки кои се вистински кучки – злобни и гадни бидејќи сакаат другата жена да се чувствува како го***. Тоа е многу вознемирувачко. Многу сум внимателна кога ме интервјуира жена бидејќи секогаш чувствувам дека крие нож позади грб.

Прегледи:
592
Објавено на:
05.04.2019