Категории

Витамин К – Неопходен за сјајна кожа без темни флеки и здраво функционирање на организмот

Сите придобивки од Витаминот К за кои досега не сте знаеле

Сигурни сме дека сте запознаени со неопходните супстанции за здравје на косата/кожата/ноктите кои се конзумираат на дневна база. Овој пат ви претставуваме уште еден елемент од абецедата за кој не сте слушнале, а штом ги откриете придобивките ќе го искачите на врвот на вашата листа. Тоа е Витаминот К.

Овој витамин можеби нема да ви даде моментално сјајна кожа, но има тон бенефиции за внатрешноста на вашето тело и неговото правилно функционирање.
Се проценува дека дури 99% од луѓето имаат недостаток на витамин К, а истиот има витална улога во зајакнување на имунолошкиот систем и неговиот недостаток дефинитивно не треба да се занемарува.

Спаѓа во група на витамини кои првенствено се користат за зацелување на рани. Нема премногу да влегуваме во науката, но важно е да се каже дека главни компоненти се К1 и К2.

Витаминот К1 може да се пронајде во спанаќот, кељот, и сите зелени листовидни салати како и витаминските масла и житарици. Речиси и да звучи премногу здраво зарем не?

Од друга страна, витаминот К2 го пронаоѓаме во животинските производи како што се жолчката и путерот. Исто така го произведуваат и бактериите во нашите црева, а како што велат нутриционистите – Среќни внатрешни органи, среќна кожа.

Витаминот К се раствора во масната храна и маслата, тоа значи дека може да се складира во масното ткиво на организмот. Тогаш може да се активираат протеините во телото и да биде распореден таму каде што телото чувствува дека му е потребен, поради што тој е клучен играч на суплементацијата.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ?
Витаминот К е главен активатор на протеините во телото кои се од витаминско значење за заштита на работата на срцето. На нашето тело најмногу му е потребен затоа што произведува молекули кои помагаат на коагулацијата на крвта. Исто така го регулира нивото на калциум во крвта, поради што е клучен за здравјето на коските.

Внесениот витамин К1, телото ќе го испрати директно во црниот дроб, затоа што тоа е орган кој ги апсорбира суплементите кои ги внесувате, затоа овој витамин е особено важен за оние кои патат од болести на црниот дроб.
Неодамнешните истражувања покажаа дека К2 освен што помага во намалувањето на калциумот во артериите – што е причина за срцевите болести, помага и при намалување на ризикот од кршење на коските.

Производите богати со витамин К помагаат во процесот на лечење на кожата и поддржуваат природни бариерни функции, така што модриците и посекотините ќе ви заздравуваат побрзо. Исто така помага и при темни подочњаци и капилари. Витаминот К го намалува воспалението, црвенилото, отоците дури и егземите. Идеален е за суви флеки на кожата и ја задржува еластичноста и хидратацијата на кожата.

Прегледи:
801
Објавено на:
01.06.2020