Категории

Витаминка со донации за лицата со посебни потреби

Во период на вонредна состојба во државата, Витаминка продолжува со нови донации онаму каде што има потреба. Овој пат тоа се здруженија и центри за лица со посебни потреби.

Минатата и оваа недела, компанијата достави поголема количина на пакети со прехранбени производи до Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” од Прилеп и од Штип, во Дневниот центар за лица со целебрална парализа и аутизам од Прилеп, Здружението „Сплотени срца” од Штип и во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Sуница” Прилеп. Донацијата е со цел во ова време на вонредни услови да им се обезбедат на членовите на овие здруженија прехранбени производи и со тоа да се овозможи и помогне да се пребродат овие тешки моменти.

Во услови кога целата држава, сите институции и граѓаните се соочуваат со големи предизвици предизвикани од КОВИД 19, Витаминка неуморно помага излегувајќи пресрет секаде каде што е потребно.

Неодамна компанијата реализира донација вредна 3,5 милиони денари што ја насочи кон Министерството за здравство, локални здравствени установи, здруженија и организации за социјално загрозени семејства и граѓани.

Прегледи:
515
Објавено на:
17.04.2020