Категории

Витамински напиток кој го топи целулитот

Овој антицелулитен шејк би требало да се пие секое утро, наместо редовниот појадок во текот на неколку дена. Напитокот ќе ви даде енергија, ќе ви го прочисти организмот, ќе го ослободи од вишокот на вода и секако ќе го намали целулитот.

За да го приготвите овој напиток потребни ви се следниве состојки:

  • Вода
  • Половина рака спанаќ
  • Половина банана
  • Половина портокал
  • Неколку тркалца ананас
  • Малку цимет

Сите состојки ставете ги во блендер и матите додека не добиете течност.

Ако се прашувате зошто баш овие состојки се добри продолжете да читате.

Спанаќот е извор на железо и влакна. Го подобрува варењето и помага да се исфрлат штетните материи од организмот.

Портокалот е богат со вода, витамин Ц, влакна и антоксиданси и е добар за сјај на кожата.

Ананасот е дуеретик и помага во борба против задржувањето на течностите во телото, а содржи и антиоксиданси поради кои кожата изгледа здраво и затегнато.

Бананата е полна со калиум и е добар извор на витамин Б6, диетални влакна, витамин Ц и манган. Исто така помага да не се задржува течноста во телото.

Циметот ја стимулира циркулцијата, а целулитот најчесто настанува поради проблемите со циркулацијата.

Водата е исклучително важна во борбата против целулитот бидејќи ги исфрла штетните материи и насобраните течности од организмот.

Прегледи:
568
Објавено на:
22.03.2016