Категории

Витамински сок од морков: Го буди целото тело! (РЕЦЕПТ)

Ништо подобро нема да го разбуди вашето тело од сок од морков. Покрај тоа што ќе го изчисти организмот, овој сок ќе ве наполни со витамини

Потребно е:

  • 1 поголем морков
  • 1 мандарина
  • 1 јаболко
  • 1/2 банана
  • 1/2 лимон / сок
  • 1 лажичка мед
  • 300 мл. вода

 

Подготовка:

Во блендер истурете ја водата и морковот исечен на кругови. Додадете го јаболкото, бананата, исцеден сок од мандарина и лимон. Ставете и една лажичка мед. Убаво изблендирајте и уживајте!

Прегледи:
635
Објавено на:
04.04.2020