Категории

Вкусен и здрав кремаст сладолед со јагоди

За подготовка ќе ви бидат потребни околу 5 минути, а за околу 6 часа ќе имате вкусни, здрави и привлечни сладоледи на стапчиња.

Сами подгответе шарен сладолед на стапче. За подготовка ќе ви бидат потребни околу 5 минути, а за околу 6 часа ќе имате вкусни, здрави и привлечни сладоледи на стапчиња. Доколку не го дочекаат замрзнувањето, вкусни се и како крем.

Состојки за околу 3 dcl сладолед (6 сладоледи по 0,5 dcl):

·         50 g индиски ореви
·         100 g слатки крушки
·         Ванила во прав
·         Околу 0,75 dcl вода
·         100 g јагоди
·         7 g агава сируп
·         Лажица омекнат кокосов путер

Начин на подготовка:

Индиските ореви, крушките и водата ставете ги во блендер и направете крем. Во калапи за сладолед на стапче ставете дел од смесата (четвртина до половина калап). Во остатокот кој останал во блендерот додајте ги јагодите, агава сирупот и кокосовиот путер омекнат на собна температура. Направете смеса и со неа дополнете ги калапите до крај. Ставете ги во замрзнувач околу 6 часа.

Прегледи:
631
Објавено на:
11.05.2016