Категории

Вкусна чорба од тиква! (РЕЦЕПТ)

Доколку ви е доста од месо, сарми, руски салати, ви предложуваме да направите чорба богата со зеленчук која без проблем ќе ја приготват и оние кои не се вешти во кујната. Оваа вкусна чорба е за сите генерации и е многу здрава.

 

Состојки:

300 гр исчистена тиква

150 гр компири

80 гр кромид

80 гр целер

80 гр морков

40 гр корен од магдонос

40 гр пашканат

1 чешне лук

2 лажици пченка

Зачини:

половина лажичка кари

половина лажичка ѓумбир во прав

сок од половина лимон

сув зачин, бибер, сол

Подготовка:

Тиквата и компирот исечкајте ги на коцки. Лукот и кромидот, како и пашканатот исечкајте ги, а морковот, целерот и коренот од магдонос изрендајте ги. Во сето тоа додадете и малку пченка и малку повеќе од литар вода. Додадете ги сите зачини, совен лимонот и варете додека зеленчукот не омекне.

Кога ќе се свари зеленчукот, добро изгмечете го и изматете го со миксер. Вратете го на рингла да проврие, додадете го сокот од лимон и дотерајте го вкусот по желба.

По желба, пред служење, може да додадете и павлака, семки од сончоглед или тиква.

Прегледи:
1066
Објавено на:
18.01.2022